“Дојче банк” го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови. Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство. Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува “Бизнис инсајдер”.
Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд. Прочитајте кои се градовите во светот со највисоки средни приходи по даноци.
- Цирих, Швајцарија – 5876 долари
- Сан Франциско, САД – 4817 долари
- Бостон, САД – 4322 долари
- Њујорк, САД – 4303 долари
- Чикаго, САД – 3622 долари
- Сиднеј, Австралија – 3451 долари
- Мелбурн, Австралија – 3344 долари
- Осло, Норвешка – 3154 долари
- Сингапур – 3077 долари
- Копенхаген, Данска – 2958 долари
- Велингтон, Нов Зеланд – 2941 долари
- Токио, Јапонија – 2897 долари
- Лондон, Велика Британија – 2776 долари
- Оклaнд, Нов Зеланд – 2762 долари
- Хонгконг – 2715 долари
- Франкфурт, Германија – 2626 долари
- Стокхолм, Шведска – 2622 долари
- Хелсинки, Финска – 2620 долари
- Даблин, Ирска – 2603 долари
- Париз, Франција – 2583 долари
- Торонто, Канада – 2560 долари
- Амстердам, Холандија – 2493 долари
- Отава, Канада – 2446 долари
- Единбург, Шкотска – 2293 долари
