По четригодишна визуелна пауза, македонскиот состав “Стринг форсис” го најавува своето ново аудио и визуелно дело. Се работи за визуелно остварување за темата “Причина -предумисла”, која е истовремено и нивни прв сингл од новиот албум во изработка. Премиерата на спотот ќе се одржи во четврток, во клубот Менада, со почеток во 21 часот.
Покрај премиерното прикажување на видеозаписот, на промоцијата ќе биде претставена и екипата што работеше на него, а целата атмосфера ќе биде надополнета од тапанарот на “Стринг форсис”, Лазар Дарковски, со неговиот диџеј-настап “A Lazarus Taxon” во посебно издание за оваа прилика.
Подготви: Дениза Илиеска
