Денеска во продавницата “Југотон”, која што се наоѓа во Градскиот трговски центар во Скопје, се оддржа прес-конференцијата на групата “Љубојна” по повод нивниот предновогодишен акустичен концерт. На промоцијата освен новинарите, беа присутни и голем број на нивни поддржувачи, пријатели и фанови.
Под мотото: “Акустично е за мерак, акустично е за душа”, “Љубојна” го најавува својот прв акустичен концерт откако воопшто постојат на македонската музичка сцена. Тие во моментов се актуелни со последната песна “Севдо ле” за која што веќе се врти препознатливот и оргинален видео спот. А освен тоа, “Љубојна” на овој концерт ќе имаат специјална сценографија и костимографија, која се подготвува.
“Ова ќе биде една поинква средба со публиката. Тоа ехо од досегашните бучни коцнерти, јас би сакала да се смири на оваа сцена, да застане, но да одекнува истата радост, љубов и веселба. А што се однесува до репертоарот ќе ги пееме хитовите што публиката ги сака, но ќе има и нова музика, а специјално за овој коцнерт јас напишав нова песна, “Јас и ти”, со што, полека влегувам во авторски води” вели вокалот на “Љубојна”, Вера Милошевска-Јосифовска.

Концертот во Македонската филхармонија е закажан за 22 декември со почеток од 19.30 часот. А истиот ќе го снима Телевизија24, со што веднаш потоа ќе биде издаден на ДВД. После скопскиот концерт, некаде на пролет “Љубојна” ќе има своја турнеја на Балканот, а концертите ќе стартуваат од Загреб, Хрватска.
