Популарниот фронтмен на рок-групата “Галија”, Ненад Милосављевиќ – Неша ќе настапи на плоштадот “Магнолија” во склоп на Новогодишниот базар на 21-ви декември (сабота). Ова е втора година како се организира Новогодишниот базар кој го организира Ротаракт клубот “Широк сокак” – Битола. Почетокот на настапот на Неша Галија е во 21 часот. А базарот ќе работи од 10-24 часот.
“Годинава ќе има варено вино, топла ракија, чај со рум и ќе имаме и многу други изненадувања!”, велат организаторите за Музика24. На овој настан предвидено е да учествуваат компании и индивидуалци кои ќе ги изложуваат и продаваат своите производи. Средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во нашите хуманитарни проекти.
