Во прв ред

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА: Скопје, Кавадарци и Крушево (Фото)

Музика24 во текот на следните денови во серија на натписи ќе ја претстави новогодишната програма во сите градови на Македонија. Први општини кои ја објавија својата програма за организиран дочек на Новата 2020 година се: Скопје, Кавадарци и Крушево.

Како што веќе е познато жителите на главниот град и гостите ќе ги забавува балканската мега ѕвезда Дино Мерлин. Граѓаните на Кавадарци на градскиот плоштад ќе ги забавуваат: “Акустико бенд” (21.30 часот), “Екстра бенд плус” (22.30 часот) и “М.А.D M8ts Lexicon” (23.30 часот).

 

Новогодишната ноќ во Крушево ќе се слави на плоштадот “Никола Мартиноски” со Викторија Лоба и DJ сет.

Во следниот натпис ќе Ве информираме за новогодишната програма во Битола, Охрид и неколкуте останати градови во земјава кои организираат јавни дочеци.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: