Во прв ред

НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА: Охрид

Како што објави Музика24 во текот на следните денови во серија на натписи ќе ја претставиме новогодишната програма во сите градови на Македонија. Претходно Ви ја презентиравме програмата во Скопје, Кавадарци и Крушево,  денес Ви ја пренесуваме програмата за дочекот на Нова година во Охрид.

На Градскиот плоштад во Охрид после една година пауза оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот “Камелеон“ и Ефто Пупиноски.

Дополнително Општина Охрид ќе организира забавна програма која ќе трае од 1-ви јануари до 20-ти јануари каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: