Магазин

Вечерва се палат бадниковите огнови

“Бадник” или на старословенски – да бидеш буден. Многу истражувачи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеење и будност покрај обредниот оган. Овој ден го наговестува и Христовото раѓање. Со палењето на бадниковиот оган се верува дека се осветлува патот.

Етнологот Сузана Марковска за нашиот портал Музика24 ја ракажува традицијата – приказната за Марија, мајката на Исус како и неговото раѓање.

“Кога отишла во манастирот и таму ја пречекал старешината на манастирот кој што и дал задача да однесе одредено писмо до соседното село каде што се наоѓал и соседниот манастир. Тргнала по патот, и движејќи се по патот почнало невреме, почнал да вее снег, па потоа силно невреме (силен ветер) и таа се сокрила во блиската пештера. По извесно време фактички го раѓа нели бебето, Исус Христос. Била и тажна и радосна (радосна бидејќи родила бебенце, тажна бидејќи таа во тој момент не била подготвена да дочека едно ново суштество кое што нели ќе ни го донесе ова денешно време, вели етнологот Марковска.

Утре рано наутро, коледарите се први кои тропнуваат на вратите од домовите со што ја ширеле веста за Исусовото раѓање. Традиционално домашните им ги полнат торбите со најразлични јадења. И овој ден има голема традиција. Вечерта пак се меси и традиционалната погача со паричка. Се верува дека на оној кој ќе му се падне, ќе го следи среќа преку целата година.

Вечерва со собирање околу коледарскиот оган, верниците го започннуваат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Се верува дека огнот го осветлува патот и наговестува Исусовото раѓање.

И покрај тоа што во минатото општините донираа дрва, сега, веќе од град Скопје апелираат до граѓаните да не палат огнови, бидејќи со тоа само ќе придонесат за уште поголемо загадување во воздухот. Од министерството за животна средина апелираат до сите општини во земјава да не донираат дрва за бадниковите огнови.

Можеби ќе ве интересира: