Нова Година поминаа, доаѓаат Бадник и Божиќ. Сепак, најголемата “опасност” која демне за празниците е рокот на храната, бидејќи понекогаш може да бидеме невнимателни, па да ја консумираме подолг период што може да доведе до проблеми со стомакот, па дури и до труење.
Нова Година и Божиќ се веќе традиционални со вкусни кифлички, сарма, сочно месо, салати и десерти. Со подолго чување, дури и во фрижидер, храната развива микроорганизми кои придонесуваат за нејзино постепено расипување. Затоа внимавајте на ова:
-Сармата се чува во фрижидер и тоа најмногу 3 до 4 дена. Ако се замрзне може да се чува и до 4 месеци.
-Месото, особено ако на трпезата имате свинско печење, треба да се изеде најмногу за три дена.
-Рибата е неизбежен дел од трпезата за Бадник. Побрзо може да се расипе, па изедете ја најмногу за два дена.
-Салатите исто така траат 2-3 дена, не повеќе!!!
Особено треба да бидете внимателни со овошјето и зеленчукот и добро да ги миете. Во овој период треба да внимавате сите од опасноста со труење, а особено трудниците. Одберете свежи намирници и купувајте на проверени места.
Ако сте направиле повеќе отколку што може да се изеде, не ја чувајте храната додека да се расипе, па да бидете приморани да ја фрлате. Постојат 2 опции: Онаа храна што се змрзнува да ја ставите во фрижидерот со длабоко или, пак, да ја донирате додека е сеуште свежа и подготвена за консумација. Немојте никогаш да фрлате храна!
Убави празници!
