Музика на кирилица

Познатиот македонски фолк пејач Зоран Ванев стана доктор (Фото+Видео)

Можеби се сеќавате на безвременските “Ангела”, “Ако бевме заедно”, “Ако умрам без збогум”, “Анита”… песни кои и ден денес се препејуваат и младите музичари, бендови или групи снимаат кавери за овие песни, при тоа незнаејќи дека токму оргиналните песни се од овој некогаш мега популарен македонски пејач.

Тој освен во Македонија, своја голема популарност доживеа и во Србија со песните неменети за тамошниот пазар испеани на српски јазик, меѓу кои ќе ги споменеме “Јужна пруга”, “Лила”, “Момак ипо”… и многу други познати хит песни кој и ден денес се пејат.

Но одеднаш како да исчезна од музичката сцена. Најпрво живееше во Виена, а откако сфати дека естрадата и сцената не е она што го привлекува и раздвижува, во една прилика ќе каже дека естрадата не е за него.

Овој познат музичар и пред се македонец, денес живее и работи во Цирих, Швајцарија каде се занимава со здравствено осигурување. Тој сеуште не се има променето и сеуште изгледа онака младолико, убаво и како да вчера да беше онаа позната “Ангела”, и како вчера да беа некои настапи, фестивали и случувања, а тој е истиот.

Неговата клиника во Цирих се наоѓа на самата железничка станица Шлирен. Дипломирал на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и е првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија. Се занимава и со лекување на сите врсти на болести, без ограничување.

Тој сеуште ја негува македонската музика и вели дека никогаш нема да се откаже од неа. Веќе разговара со одредени автори, а во план е да снима пред се убава, квалитетна и музика која ќе се слуша, како што и самиот тој вели, не е само да се сними и да се бојат песните, туку и истите треба да останат.

Можеби ќе ве интересира: