Нашите колеги и соработници од првото и единствено тинејџерско списание во Македонија, “ТАА” денес 25-ти март го прославува својот 18-ти роденден. Во овие 18 години излегоа 212 броја, две специјални изданија “ТАА го сака Тоше”, “ТАА матура”, “ТАА љубов”, “ТАА summer time”…
“Со списанието ТАА пораснаа многу девојки и момчиња, заедно созреваме, се менуваме, напредуваме, ги следевме светските трендови, поставувавме стандарди кај нас. Ова се 18 години во кои секогаш останавме доследни на нашето мото – “се само обични не!”. А како вчера да беше кога го држевме во рака првиот број на првото тинејџерско списание во Македонија. Ама уште тогаш знаевме дека ќе го имаме најнеобичното, најшареното, највеселото, најтиин списание и дека “ТАА” секогаш ќе биде најверната другарка на сите девојки кај нас”, вели Андријана Јовановска, уредник на списанието. 18-от роденден беше повод за нови промени во работата, па затоа, отсега тинејџерите, освен преку печатеното издание, ќе можат да се дружат со ТАА и преку новата, се само обична не, веб страница, www.taa.com.mk.
Подготви: Катерина Митровска
