Во прв ред

Која музичка ѕвезда сакате да ја видите во Прилеп со голем солистички концерт

Секогаш кога ќе го споменеме градот Прилеп, сигурно истиот ве асоцира на познатиот македонски тутун, одличниот и традиционален “Пивофест”, препознатливиот и на далеку познат “Прилепски карневал”… и многу други настани и случувања, а вредно е за споменување и традиционалното прилепско јадење, кое веруваме нема кој од вас да не го пробал одејќи или поминувајќи во Прилеп – одличниот и превкусен Ширден.

Сакајќи годинава во овој град да се организира голем музички концерт, прилепчани едноставно прашуваат која музичка ѕвезда би била соодветна и би го привлекла вниманието кај своите сонародници.

Па поради тоа, музичкиот портал Музика24 се вклучува во оваа анкета, воедно прашувајќи која музичка ѕвезда би сакале да ја видите со голем солистички концерт во градот Прилеп? Ваше е да коментирате на фан страните на музичкиот портал и да гласате, како би знаеле кое музичко име наскоро ќе имаме прилика да го видиме во градот под Марковите кули.

  • Влатко Лозаноски
  • Владо Јаневски
  • Некст Тајм
  • Зоран Илиев
  • Владо Ѓеорѓиев
  • Бијело дугме
  • Жељко Самарџиќ
  • Пеџа Меденица

Гласајте, коментирајте и ширете ја оваа информација како прилепчани, а и тамошните организатори би дознале која е музичката ѕвезда која Прилеп сака да ја види во Новата година. Изборот е само ваш.

Можеби ќе ве интересира: