Меѓумногуте познати балкански музички имиња, вечерва очекувано, на доделувањето на МАС наградите на црвениот тепих се појави сеуште одличната, совршена и професионална Лепа Брена. Таа за ова второ издание на МАС наградите кажа дека е изненадена од самата продукција и дека сето ова е на едно навистина високо ниво. Посака МАС да трае уште многу, многу години.
Вечерва таа на големата музичка сцена ќе настапи со сплет на нејзините најпознати и најголеми музички хитови. За што станува збор, секако сеуште незнаме, но официјалното стартување на доделувањето на МАС наградите започнува за речиси 20-тина минути.
