Во разговор со Јелена Карлеуша кој го водеше нашата Тамара Тодевска, која во оваа прилика е водителка на МАС2020, таа откри дека многу тешко би и паднало доколку би немала медиумска поддршка и доколку барем еден или два дена не се појави некаде или пак ја нема на некој од медиумите, независно дали станува збор за тв, радио или интернет портали. Таа за оваа година си посака да не и се повтори минатата 2019-та, и неколку полни Штарк арени, каде што и всушност се оддржува вечерашното издание на МАС2020.


Инаку секако, наградувањата продолжуваат… Награда за најдобра рок песна отиде во рацете на Ван Гог, а веднаш потоа по настапот на Јелена Розга и промоцијата на нејзината најнова песна повторно се додели уште една награда. Најдобра обработка или преработка доби песната “Негатив” која што Тијана Дапчевиќ ја отпеа пред 18 години, како што и самата таа вели, оваа песна ја доби својата полнолетност. Таа оваа награда ја доби заедно со групата “Фрајле”. На МАС2020 за пејачка на годината е прогласена Нина Бадриќ, која на неколку наврати за време на вечерашното издание на овој голем музички спектакл спомена дека на 7-ми март ќе оддржи голем концерт во Загреб.

Награда за допринос на Балканот и регионот што се однесува до музиката ја доби неприкосновената и секогаш најдобра и секако, оргинална во своите настапи, Лепа Брена.

Награда за најдобра трап соработка на МАС2020 им припадна на Газда Паја и Јелена Карлеуша со песната “Like”, а наградата за најдобар концерт ја доби Марија Шерифовиќ која од март најави нови дружења со публиката, претпоставуваме како во Србија, така и низ Балканот. Јелена Розга наградата за пејач на годината му ја додели на Саша Матиќ кој изјави дека ништо во животот не би менувал, апсолутно ништо.



