Македонските музичари често пати во своите изјави ги “обвинуваат” медиумите дека не им одстапуваат доволно медиумски простор каде на својата публика ќе ја презентираат својата нова песна, видео спот, речиси и да нема македонска музика на националните телевиизии.
Телевизија Сонце од 2-ри март ќе започне со емитување на нова утринска емисија. Емисија која ќе биде различна од се она кое што може да се види во утринските емисии кај нас, акцент ќе биде ставен на македонската музика. Од понеделник до недела од 09 до 11 часот ќе се емитуваат хитови кои оставиле трага, добро познати на публиката, новокомпонирани народни но и забавни, застапена ќе биде и македонската етно музика.
Нека утрата ви започнат со македонска музика, слушајте ја, гледајте ја “Распеана Македонија” на Телевизија Сонце од 2-ри март.
