Магазин

Ѕвездите на филмот “Contagion” велат: Ова не е филм, туку реалност и никој не е имун (Видео)

Филмот “Зараза” (“Contagion”) со оскаровците Мет Дејмон, Кејт Винслет, Гвинет Палтроу и Лоренс Фишбурн, можеби е морничаво блиску до реалната ситуацицја со која светот се соочува. Филмот во моментот е и најпопуларен и најчесто баран филм на интернет во светот. Сега ѕвездите на филмот снимија видео како би предупредиле на ширењето на коронавирусот и повикаа на “здрав разум, изолација и строга хигиена”.

“Мијте ги рацете како животот да ви зависи од тоа. Бидејќи зависи”, рече Винслет притоа покажувајќи како ги мие своите раце и како тоа се прави.

Мет Дејмот рече: “Зараза е филм, но Ковид-19 е реланост” и повика да се почитуваат мерките за самоизолација. Во филмот, неговиот лик е имун на вирусот кој се шири во свеотот па Дејмон додава:

“Немам причина да верувам дека сум имун на корона. Немаш ни ти”.

Во продолжение погледнете ги видеата од главните ликови на овој интересен, но периодов многу гледан филм кој потсетува на она што за жал денес нам ни се случува.

Можеби ќе ве интересира: