Ја сакате музиката? Македонската музика? Ова е шанса за вас.
Познатата и призната фолк пејачка Елена Велевска ве предизвикува времето кое го минувате дома да го исполните со креативност и да направите нешто за кое што ќе слушнат многу. Талентирани сте, имате омилена песна од репертоарот на Елена, овој предизвик е за вас.

Треба да снимите видео како пеете една нејзина песна да го постирате на инстаграм користејќи го хаштагот #elenavelevskacover. Оној кој има најмногу прегледи ќе биде победник и ќе има можност да се запознае со Велевска. Предизвикот трае до крајот на месецот.
