Како што не известуваат од ПР тимот на препознатливите “Силви бенд”, тие во неделата токму на првиот ден од големиот христијански празник Велигден 19-ти април, со почеток од 19часот па се до 21 часот го одржаа својот велигденски концерт од балконот на својот дом. Соседите од населбата Козле, но и жителите на Жданец, Трнодол, Нерези , Водно, Карпош, дури некој дел од Капиштец, уживаа во прекрасните нумери на “Силви Бенд” , но и во светски хитови, евергрини, македонски, латино… Насмеани и опуштени луѓето го следеа концертот од своите дворови, балкони, прозорци, снимајќи и танцувајќи.
Еден од своите најдолги аплаузи таа вечер, двојката Силви и Влатко го посветија на здравствените работници, за несебичната пожртвуваност во борба против Ковид 19.
“Ангели ме носат” ги допре срцата на сите, се сплотија во еден глас и една желба – здравје, љубов и мир секаде, во целиот свет, а сето тоа искрено им посакуваше и Силви после секоја песна. Музичарите се посебно задоволни од овој спонтан концерт, и особено од силниот одек на фејсбук мрежата. Влатко, сопругот на Силви, на шега додава дека се радува што идејата на својата сопруга ја претворил во реалност, и дека вредело што до четвртиот кат, поточно до терасата на покривот на нивната куќа, ја носел и монтирал целата опрема од нивното студио, за да се добие посакуваната перфекција на овој концерт. Среќни се што успеале да обојат една музичка вечер на нивните соседи и не да исклучуваат можност за повторно ваква музичка дружба.
Во прилог на овој текст, погледнете како тие звучеа и како накратко изгледаше нивниот концерт…
