Во организација и продукција на Македонската радио телевизија, неодамна беше снимена нова верзија на македонската хит песна “Чукни во дрво” во која што овој пат учествуваат познати еминентни македонски музичари. Под мотото #СедиДома во овој голем музички проект се вклучија: Калиопи, Тамара, Андријана Јаневска, Игор Џамбазов, Миле Кузмановски, Васил Зафирчев, Симон Трпчевски, Влатко Лозановски, Весна Гиновска Илкова, Ленче и Горан Кукиќ, Алкесандар Митевски и Драган Спасов- Дац… сите тие својата позитивна енергија и глас го соединија “Чукни во дрво” да звучи онака модерно, интересно и хитовски.
Освен авторот на оваа песна, Влатко Стефановски, во овој проект голем придонес имаа и мандолинскиот оркестар “Скопје” во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.
Седете дома и уживајте во она што следи…
