По успешната 2012-та година, промоцијата на “Новиот Албум”, концертот на 2-ри ноември, новите видео записи, денес хип-хоп артистот Слаткар го претставува новото видео за песната “Среќа”. Видеото е дело на Владимир Ивановски Дади и е интересна реализација на среќен текст кој се испишува во кадри од секојдневието.
Денес е убав и среќен ден и по тој повод ви го презентираме новото видео со текст на Слаткар за песната “Среќа”. Во продолжение погледнете го видеото.
Подготви: Маринела Каранфилоска
