Магазин

Филмските фестивали ќе ги стримуваат филмовите на YouTube

Пандемијата со Covid-19 носи многу промени во начинот на кој живееме и функционираме, но исто така покажува како некои работи не е толку тешко да се направат и може да им бидат достапни на повеќе луѓе. Токму тоа го покажува филмската индустрија.

Повеќе од 20 влијателни филмски фестивали ширум светот, вклучувајќи ги Санденс и Кански филмски фестивал, се здружија со една цел – да ги стримуваат на YouTube филмовите кои инаку би се прикажувале пред публика на годишните настани. Ваквиот потег е дел од 10 дневниот настан We Are One: A Global Film Festival на кој ќе се стримува избор од играни, кратки, документарни и музички филмови, како и комедијантски шоуа и панел дискусии.

Виртуелниот настан ќе почне на 29-ти мај и ќе трае до 7-ми јуни. Во програмата ќе се вклучат фестивали како Кан, Санденс, Торонто, Берлин, Трајбека и Венеција. Гледачите, во зависност од земјата од која гледаат, ќе може да донираат средства за Солидарниот фонд за справување со Covid-19 на СЗО.

Канскиот филмски фестивал ја поздрави иницијативата со соопштение во кое вели:

“Со гордост се вклучуваме заедно со нашите партнерски фестивали во прикажувањето на исклучителни филмови и таленти, со што публиката ќе има можност да ги искуси и нијансите во филмското раскажување ширум светот и уметничките карактери на секој од фестивалите”.

Можеби ќе ве интересира: