Музика на кирилица

Сузана Гавазова го промовираше видеоспотот за најновата песна “Апсолутно мој” (Видео)

После големиот хит “Бум, бум” кој жари и пали на македонската музичка сцена, и во текот на пандемија и коронавирус, познатата македонска фолк пејачка Сузана Гавазова не стои и вредно работи на нови песни, видеоспотови и музички проекти. Како што е веќе познато на пошироката македонска јавност, сите нејзини фанови и обожаватели и сите оние кои редовно следат и ја гледаат една од најдобрите музички македонски телевизии ИН тв, веќе недели наназад Гавазова од својот дом во Струмица реализира концерти во живо во соработка со познати музичари, како и Студио С2 и Интв кои се задолжени за преносот и стримувањето на истиот.

Во текот на вчерашното саботно нејзино вклучување со концерт во живо, освен веќе познатиот музички репертоар и гостите кои беа изненадување, Гавазова сите нејзини фанови ги изненади со промоција на видеоспот за најновата песна “Апсолутно мој”. Како што и самата таа кажа, видеоспотот е снимен во рекордно време од само два дена, а веднаш потоа ставен на постпродукција за да може во текот на живото вклучување да го промовира и претстави на своите фанови, и сите оние кои што ја гледаат.

“Текстот за новата песна “Апсолутно мој” го напиша Орце Зафировски, музиката е на познатиот пејач од Романија Богдан Делафлоиести, а аранжманот го подготви Минтас Минти од Струмица. Песната се миксаше во Белград во студиото на Саша Диниќ, свиреа едни од најдобрите музичари Сандрито Даниелов од Бугарија и Амза Таиров од Виница. Снимавме на повеќе локации Ќустендил, Виница, Скопје, во Струмица…”, кажа фолк пејачката Гавазова. Таа меѓудругото спомена дека песната не е крадена, како што многумина знаат да кажат, туку како и секогаш, и овој пат песната е откупена со сите авторски права.

А во продолжение, погледнете го најновиот видеоспот на новата песна “Апсолутно мој”, која што веруваме во идниот период ќе биде голем хит.

Suzana Gavazova - Apsolutno moj (official video)

Подготви: Христина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: