Моменталната состојба е таква каква што е, една од главните мерки кои мораме да ја почитуваме е седењето дома. Некои музичари тоа го искористија за на својата публика им приредат забава со музика реализирана од домашни услови. Сузана Гавазова речиси секоја сабота е онлајн и исполнува музички желби на оние кои ја гледаат. Така беше и саботава која е зад нас, но овој пат нејзина гостинка беше Елена Велевска. Коментари,споделувања не стивнуваа ги следеа голем број публика цели три часа. А позитивните коментари не стивнуваат.
Во исто време 20 часот лајф уклучување имаше Анета и групата Молика со нивните гости. Анета е докажан вокал, кој публиката го почитува, сака. Она што е интересно Сузана и Елена имаа над 2.700 публика, а Анета само 526.

Живееме во време во кое бројките на социалните мрежи говорат многу, сите се “борат” за лајк повеќе. Концертот на Велевска и Гавазова беше најавен како музички дуел, очигледно со цел да привлечат повеќе публика, но сисема невесно навистина се случи дуел но не една против друга, туку против Анета и Група Молика.
Ако треба да извчечеме “победник” тоа сигурно ќе се Гавазова и Велевска 1:0. Убаво е што музичарите најдоа начин да ја забавуваат публиката, а ние со нетрпение го очекуваме следниот музички дуел.
