Како што беше најавено, мартовските концерти мораше да бидат одложени поради актуелната состојба со коронавирусот и да бидат презакажани со нови дати, а концертот на култните “Електрични Оргазам” ќе има и нова локација. Славеничкиот концерт на “Електрични Оргазам” се одлага за 11-ти септември на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот “Skopje Calling”.
“Електрични Оргазам” ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд. Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 11-ти септември”, велат од Авалон продукција.
