Уште една лоша вест за сите љубители на концертните настани, добрата музика и убавиот звук. Во овие чудни и тешки времиња се одлага овогодинешното издание на фестивалот “Битола отворен град” кој традиционално се одржува во јуни.
“Доколку се исполнат нашите очекувања, доколку има услови за забава за која моментално сме жедни, фестивалот ќе се одржи во нови термини. Сите детали околу новите датуми и овогодинешните изведувачи ќе ги објавиме со текот на времето. Имаме време да се подготвиме за незаборавно музичко доживување во Битола и да му дадеме свежа енергија, нов сјај и поинаква смисла и тон на спомените од оваа година”, велат од МКЦ – Битола.
