Веднаш откако беше укината изолацијата балкански познатата фолк дива Драгана Мирковиќ ја снимаше песната која што е подарок за публиката. Насловот на песната е “Хеј љубави било чија”, а текстот е љубовен и ги воодушеви нејзините фанови.
“Секогаш кога ќе снимам нова песна желба ми е публиката да ја препознае целата љубов која што ја вложив во неа. Сега тоа посебно ми беше важно бидејќи поминавме низ многу лош период кој се уште не е зад нас. Првите реакции се фантастични, пресреќна сум што на луѓето успеав да им ја разубавам оваа стресна година”, изјави фолк дивата.
Таа додаде и дека за време на пандемијата и се јавиле многу луѓе кои и кажале дека музиката им помогнала полесно да ги пребродат тешките моменти. Тоа ја инспирирало, па веднаш откако заврши вонредната состојба таа снимаше песна која и ја подари на својата публика.
“Хеј љубави било чија” слушнете ја во продолжение.
Уживајте!
Подготви: Александра Блажевска
