Премиера

Премиера на новиот видеоспот на Сергеј Четковиќ “Још волим те” (Видео)

Сергеј Четковиќ со својот бенд сними видео спот за новата песна “Још волим те”. Видео спотот, како што информираат од неговиот менаџерски тим, е снимен на 28-ми ноември оваа година на улицата Кнез Михајлова во Белград. Режисер и директор на фотографија на спотот е Александар Керекеш. Текстот и музиката на напиша Сергеј, додека за аранжманот се погрижија Марко Милатовиќ и Владан Поповиќ – Поп.

Со излегувањето на оваа песна и видео спот, кантавторот го најавува излегувањето на новиот шести по ред студиски албум. Во продолжение, со клик на името на песната, погледнете го новиот видео спот на Сергеј Четковиќ – “Још волим те”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: