Авалон продукција сподели со својата публика дека овогодинешното издание на фестивалот “Ohrid Calling” се поместува за 2021 година и покрај донесените протоколи за јавни настани.
“Периодов интензивно работевме на тоа истите артисти да ги префлиме за следната година, па така, јубилејното издание на “Ohrid Calling” ќе биде 3 дена и ќе се одржи од 30-ти јули до 01-ви август 2021 година на истата локација, во касарната во Охрид. Поминавме заедно четири незаборавни фестивалски изданија, проследени со многу магични моменти, насмевки, емоции и незаборавни забави. Ќе ја надминеме и оваа кризна и тажна година – обединети! Дотогаш, подготвувајте се за “Ohrid Calling 2021″ и заедно да ги надоместиме сите пропуштени забави на следното издание, на вашиот омилен фестивал!”, велат од Авалон продукција.
