Ако некогаш сте сакале да ја ангажирате балканската ѕвезда Северина за семејната веселба, тогаш подобро е да седнете пред да ја слушнете цената која таа ја бара. Оној кој ќе сака да го забавува Северина, ќе треба да одвои 40.000 евра за само еден час. Ова го дознала брачна двојка која сакала Северина да им биде специјална гостинка на веселбата.
Нивната венчавка ќе помине без Севе, и покрај тоа што младенците биле подготвени да ги дадат парите, но поради нејзината концертна турнеја низ поранешна Југославија, таа нема да биде во можност да се појави.
Подготви: Александра Блажевска
