Култниот хит на “Last Expedition” од втората половина на 90-те, овој пат претставен како “Expedition + пријателите”, е македонско-американско канадска копродукција. Клавијатурите, миксот и продукцијата се на Давор Јордановски, гитарите на Кире Најдовски, тапанот го удираше Joe Lana Junior, а басот Brad Johnson.
Интересниот спот, за вториот живот на “Шефот” го монтираше Благоја Неделковски, според идејата на Енко. Иако старите верзии на “Шефе” (песната и спотот) го имаат култниот статус, актуелниот “Шеф” е Big Boss на 21-от век.
“Се потрудивме новата верзија да биде градска, народска, светска и не знам уште што. Али мислиме дека успеавме у све, а патем речено да не ја оштетиме”, велат од штабот на “Последната Експедиција”. Во спотот учествуваа, меѓудругите: Сецко, Енко, Диме, Влатко, Салпе, Драгче, Сашко, Ленин и Ноќни Волци, Ален, Ева… како и: Фриц, Панки, големиот мајстор за коли Аце Флојд и колегите, Ристе Мерцедес, Кристијан Габроски…
