Дали знаевте дека секоја секунда се раѓаат по четири бебиња во светот и дека океаните кријат речиси 200.000 различни вируси? Со повеќе од 200 земји и повеќе од 7,5 милијарди луѓе, оваа планета е навистина уникатно место.
Овие 33 факти за нашата планета ќе ве остават без збор:
- Целото светско население би можело да живее во Лос Анџелес.
- Најлутата чили пиперка на светот може да ве убие.
- Франција е најпосетуваната земја во светот.
- Најгусто населениот остров е голем колку две фудбалски игралишта и се наоѓа во Колумбија.
- Канарските острови го добиле името по кучиња. Ислас Канаријас значи остров на кучиња.
- Три држави во светот не го користат метричкиот систем – Либерија, Мјанмар и САД.
- Секоја секунда се раѓаат по четири бебиња во светот.
- Најниската температура досега измерена во светот е -97,7 °С на Антарктикот за време на истражувањето помеѓу 2004 и 2016 година.
- Озонската обвивка ќе биде целосно обновена за 50 години.
- Постојат 4 квадрилиони бактерии на планетата Земја.
- Луѓето кои живеат моментално на Земјата претставуваат само околу 7% од вкупниот број луѓе што некогаш живееле на планетата.
- Мухамед е најчестото машко име во светот. Го носат околу 150 милиони мажи, благодарение на исламската традиција да го дадат ова име на првиот машки наследник.
- Во Африка и во Азија живее 90% од руралното население во светот.
- Најскапата монета на светот била продадена за 7 милиони долари (американска златна монета од 1933 година во вредност од 20 долари, која никогаш не влегла во масовна употреба).
- Јужен Судан е најмладата земја во светот, а својата независност ја стекнала во 2011 година.
- Повеќе од 52% од светската популација е под 30-годишна возраст.
- Луѓето постари од 60 години сочинуваат околу 12,3% од светската популација.
- Постојат повеќе од 24 различни временски зони во светот.
- Шведска е земја со најмногу острови во светот, има дури 221.800 острови.
- Дури 43 земји во светот се уште имаат кралско семејство.
- Сите панди што постојат во светот потекнуваат од Кина.
- Канада поседува дури 9% од светските шуми.
- Црвенокосата келеа е најчестата птица во светот.
- Најмногу луѓе во светот зборуваат мандарински кинески, кој е мајчин јазик на 950 милиони луѓе.
- Точно 41 земја во светот го признаваат знаковниот јазик како официјален.
- Фејсбук има повеќе корисници отколку што Соединетите американски држави, Кина и Бразил имаат жители.
- Ако се соберат сите мравки во светот, тие ќе бидат тешки колку и сите луѓе во светот.
- Постојат речиси 200.000 различни видови вируси во океаните.
- Токио е најголемиот град во светот, со 37 милиони жители.
- Во просек, секоја секунда умираат по две лица во светот.
