Премиера

“Пиво ми се пие” нов хит од прилепчанецот Златко Петрески (Видео)

Во време кога препознатливиот и надалеку познат Фестивал на скарата и пивото во Прилеп “Пивофест” не се оддржува поради коронавирусот, прилепчанецот Златко Петрески се одлучи да создаде песна посветена токму на пивото. “Пиво ми се пие” е неговата најнова песна чии комплетен автор е токму тој, песната е снимена во студиото на Дејан Момировски “XL”, додека видеоспотот го реализира фото-студио “Дано” од Прилеп. Истиот е снимен во Етно ресторанот “Мариово”.

Дали ова значи дека навистина на Златко му се пие пиво, или пак станува збор за тагување поради неодржувањето на “Пивофест”, незнаме, но како и да е, ви препорачуваме во следните неколку минути да ја преслушате оваа најнова песна на македонската музичка сцена.

Можеби ќе ве интересира: