Поп ѕвездата Тамара Тодевска во интервју за интернет порталот Репортер најави нов дует после неодамнешниот со Роберт Билбилов, овој пат со дечките од “2Бона”. Таа по тој повод вели:
“Сакам малку да експериментирам со некој нов звук и да допрам до некоја нова публика која што ја слуша таа актуелна музика. Ми се допаѓаат, Марио и Тони се супер дечки и ми дојде идеја да направиме нешто малку поразлично до сега. Тоа ќе биде нешто што ќе го работиме во следниот период и се надевам дека на крајот на септември или почетокот на октомври ќе излезе песната”, изјави пејачката Тамара Тодевска.
