Босанската пејачка на севдалинки, Амира Медуњанин, вчера испрати порака до бројните обожаватели во Македонија. Таа со видео порака ги покани сите на концертно дружење во Битола и Охрид.
“Драги мои македонци, конечно после долго време концерт. Среќна сум дека можам да најавам дружење во Охрид и Битола. Во Охрид сум била веќе еднаш и сега се враќам повторно овој пат во Античкиот театар на 9-ти август. Ден претходно сум во Битола по прв пат. Битола мој роден крај… 8-ми август – Битола, а 9-ти Охрид. Фала на агенцијата Авалон за можноста. Држете среќа лесно да стигнеме до Македонија”, вели Амира во видео пораката споделена од Авалон продукција.
https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/videos/618507088779638/?q=avalon%20produkcija&epa=SEARCH_BOX
Новинарските екипи на музичкиот портал Музика24 ексклузивно од Битола и Охрид ќе ве известуваат од концертите на Амира Медуњанин кои ќе се оддржат во Хераклеа и Античкиот театар – Охрид. Следете не!
