Фестивали

Откажан и “Josifovo Summer Fest”

После “Пивофест” и “Пастрмајлијада”, пандемијата Ковид-19 откажа уште една традиционална манифестација. Организаторите на “Josifovo Summer Fest” и покрај огромната желба, големите напори, одлучноста за почитување и спроведување на сите предвидени мерки и протоколи, донесе одлука овогодишното трето издание на фестивалот “Josifovo Summer Fest” да биде одложено за август следната година.

Иако за оваа година беше планирано дводневно фестивалско уживање со изведувачи од Македонија и регионот, а земајки ги во предвид масовноста на публиката, концептот на фестивалот, локацијата и ограничениот простор одлучено е во овие моменти главен приоритет мора да биде колективното здравје. Во изминативе две години поминавме незаборавни фестивалски изданија со Јелена Розга, Наташа Беквалац, “Нокаут” и многу други.

Можеби ќе ве интересира: