Вчера вечер на отворено во комплексот А1 арена во Скопје започна новиот фестивал на Авалон продукција. На првата фестивалска вечер настапија пионерите на dnb сцената Roni Size и Ltj Bukem заедно со Dynamite MC. А организаторот се погрижи за максимално почитување на протоколите за организација на настани од овој тип.
Вечерва на исто место настапуваат генијалните ARTBAT. Вратите се отвараат во 19 часот а атмосферата ќе ја загреваат Alexandar & Baloski.
