Вчера вечер се оддржа омилениот летен фестивал, годинава насловен “Д Фестивал и пријателите”. Фестивалот се оддржува на паркингот “Гранит” и започна во 19 часот каде присутната публика им даде поддршка на македонските артисти: “Суперхикс”, “Бернајс пропаганда”, “ЛД Пистолеро”, “Дон плеја”, “Бон Праскиза” итн.
Сите кои имаат набавено билет за овогодинешното издание на “Д Фестивал” до 30.07.2020 година, ќе можат со истите да присуствуваат на двете “Д Фестивал” изданија, на “Д Фестивал и пријателите”, а и на наредното големо роденденско издание во 2021-ва година, каде што ќе се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци. Подготовките за роденденското издание на “Д Фестивал”, кое ќе се одржи од 2-4 јули 2021-ва се веќе во тек.
Како што велат организаторите, потврдени се и првите изведувачи – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните “Ramones” – Marky Ramone, балканските Sonic Youth – “Репетитор”, легендарното германско електронско дуо – “Booka shade”. А за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за “Д Фестивал 2021”.
“Д Фестивал” максимално се погрижи присутната публика да се чувствува безбедно за време на настанот, запазувајќи ги сите мерки кои ги наложува протоколот за организирање на настани.
