Музика на кирилица

Концертот на “Бајага и Инструктори” последен за оваа година

Концертот на познатите “Бајага и Инструктори” на 13-ти септември, веројатно е последниот концерт во организација на Авалон продукција за оваа година. Или барем додека не заврши корона кризата.

На денешната прес конференција на Авалон продукција беа најавени концертите на “Електрични Оргазам”, фестивалот “Skopje Calling” –  Macedonia’s finest и на “Бајага и Инструктори” кои ќе се одржат на 11-ти, 12-ти и на 13-ти септември, на стадионот на АРМ на отворено.

Сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, денес пред медиумите изјави дека концертот на “Бајага и Инструктори” ќе биде последен настан на Авалон Продукција, сѐ додека СЗО не прогласи победа на коронавирусот.

“Иако се уште не постојат протоколи за концерти во затворено, целава ситуација е премногу стресна и за мене лично и за нас како фирма, за да можеме во овој момент да планираме концерти во затворени простори, се до официјално завршување на корона кризата. Па, може да се случи овие три концерти да бидат последни до пролет 2021 година”, изјави сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошески.

Заклучно со овие три проекти, Авалон Продукција ќе ја заврши концертната сезона со неверојатни 13 концерти, што е историски потфат на светско ниво во вакво кризно време.

Можеби ќе ве интересира: