Фестивали

Фестивал на музика од светот на 18-ти и 20-ти септември во Битола

Директорката на Центарот за култура – Битола, Маја Андоновска – Илијевски, сподели со јавноста дека на 18-ти и 20-ти септември во Битола ќе се одржи Фестивалот на музика од светот.

Првиот потврден артист за овогодинешното издание е познатиот гитарист Владимир Четкар, кој ќе настапи на 20-ти септември.

“Сакавме да биде изненадување, ама Четкар веќе најави, па редно е и ние да се пофалиме. Запаметете ги следниве датуми: 18-ти септември и 20-ти септември. 18-ти сеуште го држиме во тајност, а на 20-ти го имаме Владимир Четкар на Фестивал на музика од светот во Пациото на Заводот и музеј – Битола. Оваа година светот ќе ни го донесат во Битола македонски уметници”, вели Андоновска – Илијевски.

Фестивалот на музика од светот вообичаено се одржува во месец ноември. Но поради неизвесноста со пандемијата, организаторите се одлучија да го искористат доброто време за фестивалот сепак да се одржи.

Можеби ќе ве интересира: