И денес ја продолжуваме урбаната приказна за најдоброто место во градот, La Strada – местото каде што можете да ги пробате највкусните пици во Македонија. Како што ви ветивме минатиот пат, овој пат само тоа и го исполнуваме. Денес ве запознаваме со пица менито на La Strada, и со се она што може и е приближно на ова мени, а треба да се проба и вкуси без размислување.

Како што веќе можете да видите, пица менито на La Strada изобилува со голем број на вкусни, сочни и одлично тазе подготвени пици кои персоналот и пица мајсторите сето тоа го подготвуваат само и само за вас. Тука можете да го најдете, порачате и вкусите и сето она што на ниту едно друго место не може да се најде, а и доколку го има, верувајте љубовта и посветеноста со која се подготвува тука храната, го нема ниту пак може да се забележи на било кое друго место во Македонија. И верувајте, има разлика кога ќе вкусите сочна и штотуку извадена пица од фурна во La Strada и пица од некое друго место каде посветеноста и грижливоста за своите посетители е сведена на минимум, а на многу места ниту знаат ниту употребуваат фурна во печењето на истата.
Запознавајќи се со пица менито на La Strada, дознавате и што се се употребува во вашата омилена пица и истовремено самите можете да сугерирате, да им пренесете на професионалните пица мајстори, што би сакале, а што не да има во вашата пица.


До крајот на летото има уште малку, но дотогаш уживајте и секогаш кога ќе можете без размислување пробувајте ги највкусните пици во Прилеп, небитно дали сте одтаму, поминувате или живеете во околните места и градови. Урбаната приказна продолжува, бидејќи се што е убаво и на Господ му е драго и убаво, така велат старите.
