Фестивали

Прилеп домаќин на 46-то издание на националниот фестивал “Пеце Атанасовски”

Со задоцнување од близу два месеци од традиционалниот термин поради коронавирусот вечер во центарот на Прилеп, а утревечер на рудина крај Долнени ќе одекне звукот на гајдата, на тапанот, на зурлите и на кавалите. На 46 национален фестивал Пеце Атанасовски ќе учествуваат близу 150 натпреварувачи од земјава.

Фолклорот е дел од македонскиот идентитет. Тој треба континуирано да се негува, поради Ковид-19 повеќето научно стручни етномузиколошки трудови наместо на зедничка маса со дебата ќе бидат презентирани во зборник. Тој ќе остави значаен белег за идните генерации.

Вечерва, но и утре на рудина при презентирањето на музичкото творештво на младите и на повозрасните приврзеници на изворниот македонски народен мелос организаторите тврдат дека ќе им бидат овозможени сите мерки за лична заштита.

Можеби ќе ве интересира: