Магазин

Почина Joe Ruby, еден од авторите на анимираната серија Scooby-Doo (Фото)

Еден од авторите на анимираната телевизиска серија Scooby-Doo, Joe Ruby, почина на 87 фодишна возраст. Овој познат светски автор кој созададе многу цртани ликови кои и ден денес се сакаат и гледаат, почина од природна смрт.

“Никогаш не престана да пишува и создава, дури и кога старееше”, изјави неговиот внук Benjamin Ruby. По веста за смртта на Ruby, неговите и фановите на ликовите од Scooby-Doo, на социјалните мрежи му заблагодаруваат за тоа што им помогнал да имаат прекрасно детство.

Откако служел во американската морнарица, тој ја започнал својата кариера во продукцијата на Дизни, пред да го запознае Спирс при работењето за продукцијата Хана-Барбера. “Scooby-Doo, Where Are You” прв пат беше емитуван во 1969 година.

“Мислевме дека нема да трае ниту една сезона”, вели неговиот соработник Спирс.

Ова креативна екипа испроба неколку инкарнации, меѓу кои и обиди за создавање ликови како дел од рок мизеријата, пред да се согласат да бидат денес познатите ликови Фреди, Велма, Дафне, Шеги и познатото куче Скуби Ду.

Можеби ќе ве интересира: