Детскиот музички фестивал “Си-До” ќе се организира и оваа година. Во пандемиски услови ќе се одржи 24-то издание на овој фестивал. Поради пандемијата овој пат ќе се случи на нова локација, на отворено во Пациото на Н.У. Завод и музеј – Битола и без публика, но во телевизиски формат.
Како што вели директорот на фестивалот, Дарко Шерденков, на ова издание ќе бидат промовирани 18 нови детски песнички.
За 2021 година се планира детскиот музички фестивал “Си-До” да го одбележи големиот јубилеј 25 години постоење на традиционален фестивалски начин.
“Си-До” е еден од најпознатите детски музички фестивали во земјава. Долго се паметат познатите детски хитови “Супер бабичка”, “Метро и жилет”, “Наташа од трето три”, “Мамбо ча ча ча” и уште многу други. На фестивалот во детството настапувале познати пејачи како: Каролина Гочева, Димитар Андоновски, Стефан и Мартин Филиповски итн.
Извор: Тера ТВ
