Во рамките на “Парк фестивал” во Гостивар, утре, на 4-ти септември ќе настапи симфонискиот оркестар “Меџикал” под диригентската палка на Џијан Емин, со грандиозниот проект “Ну погоди!” .
Мултимедијалниот настан “Ну погоди”, кој беше премиерно изведен минатото лето на настанот “Филхармонија на отворено” во Градскиот парк во Скопје, утревечер ќе биде реализиран во Гостивар, повторно под отворено небо. Голем симфониски оркестар, бенд, вокален ансамбл, диригент и видео-проекции, го чинат проектот “Ну погоди!” кој ја носи музиката од некои од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, а кои го одбележаа детството на генерациите од 70-те и 80-те години – “Балтазар”, “Мечето Ушко”, “Козле Бозле”, “Ну Погоди”…
Темите од концертот се во аранжман на Владимир Николов и изведени во живо, ќе ги следат анимираните филмови што публиката ќе може да го види на големите платна на кои ќе се одвиваат видео-проекциите.
