11-то издание на интернационалниот “Гитар фест” во Крушево ќе се одржи на 4-ти и 5-ти септември на летната сцена и пред спомен куќата на Тоше Проески.
На 4-ти септември во 20 часот кај спомен куќата на Тоше Проески ќе се одржи “Концерт на популарни композиции и евергрини” на дуото Чичоновски и Каровски. Следниот ден (05.09.) во 20 часот на летната сцена ќе се одржи Концертна промоција на Петар Ренџов и Тумба салса бенд на албумот “Џезилка”.

