Градоначалникот на Сараево, Иво Kомшиќ, го прими амбасадорот на Република Македонија во Босна и Херцеговина, Рами Реџепи, кој изнесе иницијатива една улица, плоштад или дом на културата во Сараево да го носи името на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески. Kомшиќ ја поддржа иницијативата истакнувајќи дека се работи за хуманист и пријател на Сараево, јавуваат регионалните медиуми.
Амбасадорот Реџепи ја искористи оваа пригода да го повика градоначалникот на Сараево да го посети Скопје и да разменат нови идеи и искуства во меѓусебната комуникација на двата главни града. Kомшиќ и Реџепи разговараа и за плановите за соработка и развој на Сараево и Скопје, како и за развојот на пријателските односи меѓу овие градови, кои се потврдени со Спогодбата за соработка меѓу двата града од 2007 година, соопшти управата на градот Сараево, а пренесе “Дневни аваз”.
Подготви: Редакција Музика24
