Во прв ред

Голема open air забава со Методи Христов на 18-ти септември

Sun продукција го најавува гостувањето на човекот кој со својот уникатен стил на креирање и продукција често ги руши BEATPORT топ листите, а енергичните дј сетови по кои е препознатлив, го носат на сите битни настани и подиуми насекаде во светот. Методи Христов ќе приреди голема open air забава на 18-ти септември со почеток во 19 часот во комплексот на А1 арена во Скопје.

Привилегијата да патува насекаде по светот и да споделува квалитетна музика беше дел од ДНК кодот на Методи Христов многу долго, и само прашање на време беше кога оваа негова страст ќе му стане професија и денешен начин на живот.

Организаторот Sun продукција најавува целосно почитување на протоколите за одржување на јавни настани.

Можеби ќе ве интересира: