Музика24 веќе пишуваше за овогодинешното издание на фолк фестивалот “Цветници”, овој пат сакаме само да ве потсетиме. Во вторник 23-ти април со почеток во 20.30 во Универзалната сала ќе се одржи 14-от фестивал на народна музика “Цветници”. Оваа година фестивалот на новосоздадена фолк музика ќе биде со ревијален карактер.
На сцената на фестивалот ќе се претстават 16 нови фолк композиции од 16 веќе докажани фолк музичари. Тука ќе ги споменеме Милица Кузмановска, Наум Петревски, Виолета Томовска, Групата “Арија”, Зуица Лазова, Ирена Спасовска и уште многу други, а како еден од изведувачите кои што ќе се појави на фестивалската сцена е и познатата Смиља Митревска која оваа специјално доаѓа во Македонија за да настапи на “Цветници”.
На фестивалот, постхумно ќе се доделат две награди за животно дело на двајца истакнати автори, аранжери, музички продуценти и уметнички директори на фестивалот “Цветници”: Мате Грујовски и Миодраг Божиновски.
Билетите се пуштени во продажба по цена од 150 денари на касата на Универзална Сала, Скопје. Снимка од фестивалот “Цветници” година ексклузивно ќе се емитува на големиот христијански празник Цветници, на првата програма на МТВ со почеток во 21 часот. Музика24 ќе биде дел од овој голем фолк фестивал и во текот на следниот период ќе ви го презентираме сето она што ексклузивно само за вас ќе го подготвиме.
Подготви: Марија Поповска
