Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert вечерва во организација на Асоцијацијата на евент индустријата – ИВАП нашатa земја ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид-19 а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на раб на егзистенција.
Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе ширум светот привредуваат во оваа индустрија а истата има значителен придонес во БДП на секоја земја.
Вечерва со почеток во 20 часот, ВИП Арената во Скопје и домовите на култура во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видео проекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација – велат од ИВАП. Црвен аларм е акција која се случува континуирано низ целиот свет и илјадници професионалци се вклучени во осветлувањето на многу објекти. Инаку акцијата „Црвен аларм“ ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти ширум Македонија.
