Димитар Андоновски денеска ја објави песната „Се што правев за тебе” која е негово прво комплетно авторско исполнување. Новата нумера беше напишана за овогодинешното издание на фестивалот „Макфест“.
„Со оваа песна официјално го најавувам враќањето на мојата соло музичка кариера на естрадата, и најавувам уште многу музика и песни од мене во иднина. Им се заблагодарувам на моите драги пријатели и соработници што ми ја разубавија мелодијата со нивните инструменти“, вели Андоновски.
