Пред само неколку дена додека познатата хрватска пејачка Јелена Розга во белградскиот клуб “Касино” имала свој настап, таа прекинала и заминала од сцената поради тепачка во публиката. Како што известуваат хрватските медиуми, додека присутната публика играла и пеела на песните на Розга, дел од нив започнале да се туркаат што веднаш потоа тоа резултирало со тепачка.
Розга го прекинала настапот и заедно со своите телохранители ја напуштила сцената. Откако целиот инцидент бил решен и по смирување на состојбата, пејачката се вратила на сцената и го продолжила настапот.
Подготви: Катерина Митровска
